
Кариера
Мисијата на Јавното претпријатие Градски паркинг е да ги задоволи потребите на граѓаните и на ефикасен начин да го реши проблемот со паркирањето на територијата на Град Скопје. Претпријатието работи на обезбедување фер и еднакви услови за сите корисници, како и на одржување на паркиралиштата во добар статус. ЈП Градски паркинг се стреми да го направи процесот на паркирање побрз и поедноставен за сите. Како компанија, ЈП Градски паркинг е посветено на континуиран развој, одржување и подобрување на квалитетот на услугите што ги нуди. Претпријатието постојано се стреми да обезбеди достапност на паркинг места за сите граѓани кои имаат потреба од нив. Во процесот на остварување на своите цели, голема улога играат имплементацијата на иновативни решенија, како и отвореноста за привлекување стручни и компетентни кадри кои ќе помогнат ЈП Градски паркинг да остане претпријатие во кое граѓаните имаат доверба.