НАШИТЕ УСЛУГИ
Начин на наплата
Постојат два начини на наплата на јавните површини наменети за паркирање и тоа:
1. Безконтактна електорнска чип картичка – лесно и едноставно! Потребно е само да ја поставите безконтактната чип картичка до читачот на влезот т.е излезот од паркиралиштето. За да се стекнете со картичка потребно е да исполнувате одредени услови.
2. Бар кодови – При влез на јавната површина наменета за паркирање, потребно е корисникот на лице место да земе бар код што е должен да го чува до крајот на целокупното времетраење на паркирањето. Пред да го напушти јавното паркиралиште, корисникот е должен да го приложи влезниот бар код на наплатниот пункт и да плати за искористената паркинг услуга, со што ќе се овозможи напуштање на јавното паркиралиште.
ВАЖНО! За секој изгубен бар код корисникот му се наплаќаат 500 денари.
Чип картички
Картички наменети за едно паркиралиште – Картичките наменети за едно паркиралиште им овозможуваат на корисниците да ги користат паркинг услугите на ЈПГП исклучиво само на едно паркиралиште. Заинтересираните корисници имаат можност да се стекнат со таква картичка доколку ги исполнуваат условите за одредениот категории односно:
- Станар
- Вработен
- Физичко лице
- Правно лице
ВИДИ ПОВЕЌЕ
За корисниците на услугите за паркирање на јавните паркиралишта и на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје се нудат одредени поволности за категориите станар и вработен кај правен субјект. Останатите корисници имаат право на аплицирање доколку се заинтересирани за понудените категории и доколку ги исполнуваат потребните услови. За да аплицирате со цел да се стекнете со правото на користење на услугата за паркирање потребно е да пополните форма од образецот
Барање Договор (ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВОСТРАНО ПЕЧАТЕЊЕ!) и да се достават потребните документи според категоријата на аплицирање и тоа:
1. КАТЕГОРИЈА СТАНАР
- Важечка лична карта – на увид
- Валидна возачка дозвола – на увид
- Сообраќајна дозвола
За да се стекнете со оваа повластената паркинг дозвола потребно е адресата на живеење на сопственикот на возилото да гравитира на јавното паркиралиште т.е јавната површина наменета за паркирање за кое аплицираа и да е идентична со адресата од сообрќајната дозвола. Во случај кога возилото е набевено по пат на лизинг, адресата на живеење да е идентична со адресата од договорот за лизинг и доколку адресата на живеење не е идентична со адресата на паркиралиштето потребен е договор за закуп за живеалиште на таа адреса. Принципот за стекнување со ова право е еден стан-две возила.
2. КАТЕГОРИЈА ВРАБОТЕН КАЈ ПРАВЕН СУБЈЕКТ
- Важечка лична карта – на увид
- Сообраќајна дозвола
- Валидна возачка дозвола – на увид
- Потврда за постојан работен однос кај правниот субјект
- Образец М-1/М-2 на увид
- Тековна состојба од Централен регистар на Р.М. на увид
Со оваа повластена дозвола право на стекнување имаат лица вработени кај правни субјекти чии седиште од решението за упис во Централен регистар гравитира на јавното паркиралиште т.е јавната површина наменета за паркирање за кое аплицираат.
Останати категории корисници:
3. КАТЕГОРИЈА ПРАВЕН СУБЈЕКТ
- Сообраќајна/и дозвола/и
- Тековна состојба од Централен регистар на Р.М.
- Барање на меморандум со наведен список на сообраќајни дозволи од возилата
Со оваа категорија право на стекнување има секој правен субјект што има потреба од користење на паркинг услугите на одредена зона на јавните површини т.е јавните паркиралишта наменети за паркирање.
4. КАТЕГОРИЈА ФИЗИЧКО ЛИЦЕ
- Важечка лична карта – на увид
- Сообраќајна дозвола
Со оваа категорија право на стекнување има секое физичко лице што има потреба од користење на паркинг услугите на одредена зона на јавните површини т.е јавните паркиралишта наменети за паркирање.
5. КАТЕГОРИЈА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
- Важечка лична карта- на увид
- Копија од сообраќајна дозвола
- ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување- на увид
- Лекарски наод од специјалист- на увид
- Потврда од матичен лекар за точно наведената дијагноза- оригинал
- Членска книшка од здружение за телесно инвалидизирани лица- на увид
- Пополнет образец Барање Договор.
Лицата со попреченост со утврдена дијагноза односно дистрофија, дијализа, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа (полиомиелитис), мултиплекс склероза и ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во фондот на ПИОМ, слепи лица со оштетување на видот над 90%, се стекнуваат со бесплатна Картичката за користење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува претпријатието.
Гостинска карта
Гостинската карта е тип на паркинг карта наменета за физички лица- гости кај корисник на услугите на ЈПГП кој веќе се стекнал со повластената категорија корисници- станар на определена зона- јавна површина наменета за паркирање со која стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје, зони А,Б, Ц и Д.
За да се стекнете со гостинска карта потребно да го пополните пропишаниот Барање Образец (ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВОСТРАНО ПЕЧАТЕЊЕ!), да го доставите во кол центрите и да ја уплатите потребната сум според ценовникот на услуги на ЈПГП.
За активирање на гостинската карта станарот е обврзан да изврши уплата најдоцна еден ден пред да ја користи услугата.
Универзална (безконтактна чип) картичка – Картичка која овозможува влез на сите јавни паркиралишта од затворен тип со кои стопанисува ЈП Градски Паркинг – Скопје. Се издава на месечно и годишно ниво. Цената на месечно ниво изнесува 6.000,00 денари и цената на годишно ниво изнесува 60.000,00 денари.
ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА
Јавните паркиралишта се паркириралишта од затворен тип каде влезот и излезот на паркинг просторот се регулираат со влезно-излезен систем за наплата т.е рампи. Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје стопанисува со 12 јавни паркиралишта од овој тип, со вкупно 1782 паркинг места, од кои 22 се наменети за лица со посебни потреби. Паркиралиштата се организирани во 4(четири) зони според степенот на ограничување и локацијата на паркиралиштето, т.е оддалеченоста од централното градски подрачје и тоа:
1. Прв степен на ограничување
2. Втор степен на ограничување
3. Трет сепен на ограничување
4. Четврт степен на оганичување
** Напомена! Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје не сноси одговорност за направени штети врз возилата на корисниците од страна на други лици. Со таа цел Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје им напоменува на своите корисници да не оставаат вредни предмети на видливо место во нивните автомобили.
ЈАВНИ ПОВРШИНИ ЗА ПАРКИРАЊЕ
КОЧО РАЦИН
Локација: бул. ,,Кочо Рацин“ и ,,11 Октомври“ Вкупно паркинг места 177 Цена од еден час паркирање 40 денари Работно време: 24 часа
ГРАДСКА БОЛНИЦА
Локација- Улица „Моша Пијаде“ по ново „Филип Втори Македонски“ Вкупно паркинг места 111 Цена од еден час паркирање 40 денари Работно време: 24 часа
ЗОИЛ
Локација-се граничи со улиците „Кочо Рацин“, „11ти Октомври“, „Ленинградска“ Вкупно паркинг места 123 Цена од еден час паркирање 40 денари Работно време: 07:00-21:00
НОВА МАКЕДОНИЈА
Локација-улица „Мито Хаџи Василев Јасмин“ по ново „Св.Кирил и Методиј“ Вкупно паркинг места 173 Цена од еден час паркирање 30 денари Работно време: 24 часа
ТУТУНСКИ КОМБИНАТ
Локација-се граничи со улиците „Кочо Рацин“, „11ти Октомври“, „Ленинградска“, технички број 1 Вкупно паркинг места 134 Цена од еден час паркирање 30 денари Работно време: 07:00-21:00
ТРЕСКА
Локација-улица „Народен Фронт“ бб Вкупно паркинг места 98 Цена од еден час паркирање 30 денари Работно време: 24 часа
АМСМ
Локација- Булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ Вкупно паркинг места 111+ 6 за камиони Цена од еден час паркирање 30 денари Работно време: 24 часа
НАРОДЕН ФРОНТ
Локација- улица „Народен Фронт“ бб Вкупно паркинг места 99 Цена од еден час паркирање 30 денари Работно време: 24 часа
КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
Локација- улица „Мајка Тереза“ бр 41А Вкупно паркинг места 911 Цена од еден час паркирање 30 денари Работно време: 24 часа
8-ми СЕПТЕМВРИ
Локација- улица „Париска“ Вкупно паркинг места 46 Цена од еден час паркирање 30 денари Работно време: 07:00-21:00
ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ
На ден 24.08.2009 година, Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје воведе уште еден, поинаков начин на регулирање на паркирањето- зонско паркирање. Целта на зонското паркирање е да се овозможи непрекинато циркулирање во сообраќајот, особено во делот паркирање.
Континуираното зголемување на метежот во сообраќајот допринесе до потребата од означување паркинг простор- зона, покрај коловозните ленти и на градските улици. Ваквиот пристап на паркирање овозможи драстично намалување во изгубеното време во барање слободно место за паркирање.
Јавни површини за зонско паркирање
Организирањето на јавните површини наменети за паркирање се изврши во групирање на истите по одделни зони, во зависност од местоположбата т.е оддалеченоста од централното градски подрачје и од ограничувањето на времетраењето на паркирашето. Групирањето отпочна со три зони и тоа:
- Прва зона на ограничување- Црвена зона (А) и портоколава зона (А0)
- Втора зона на ограничување – Жолта зона (В)
- Трета зона на ограничување –Зелена зона (C),
А потоа се прошири со уште една зона, односно
- Четврта зона на ограничување – Бела зона (D)
- ЗОНА А0- ПОРТОКАЛОВА ЗОНА го опфаќа централното градско подрачје и Водно. Паркинг зони кои се вклучени во зона А0 се:
1. Зона А0- Средно водно
- Локација- Средно водно
- Број на паркинг места 154
2. Зона А01- Агромеханика
- Локација Бул. ВМРО
- Број на паркинг места 42
3. Зона А05- ул. Орце Николов
- Локација ул. Даме Груев
- Број на паркинг места 39
4. Зона А06- Максим Горки
- Локација ул. Максим Горки, 27ми Март, 8-ма Ударна бригада и Скопска
- Број на паркинг места 24
- ЗОНА А – ЦРВЕНА ЗОНА го опфаќа централното градско подрачје каде паркирањето е ограничено на 2 часа. По истекот на тие 2 часа корисникот треба да го премести своето возило. Паркинг зони кои се вклучени во зана А се:
1. Зона А3- Даме Груев 1
- Локација ул. Даме Груев- пред полициска станица Беко
- Број на паркинг места 53
3. Зона А4- Даме Груев 2
- Локација ул. Даме Груев- Позади собрание
- Број на паркинг места 85
5. Зона А8- Камен мост
- Локација ул. “Црвена Скопска Општина” (Маршал Тито)
- Број на паркинг места 151
- ЗОНА В – ЖОЛТА ЗОНА Го опфаќа делот во непосредна близина на строгиот центар на градот, кај хотел Бристол и кај трговски центар Мавровка. Време траењето на паркирањето е ограничено на 4 часа. Паркинг зони кои се вклучени во зана В се:
1. Зона Б2- Бристол
- Локација Булевар “Мито ХаџиВасилев Јасмин” по ново Св. “Кирил и Методиј”
- Број на паркинг места 57
2. Зона Б3- Бристол 2
- Локација Булевар “Мито ХаџиВасилев Јасмин” по ново Св. “Кирил и Методиј”
- Број на паркинг места 49
3. Зона Б6- Јосип Броз
- Локација ул. “Димитрие Чуповски”
- Број на паркинг места 26
4. Зона Б7- Илинден
- Локација ул. Стив Наумов
- Број на паркинг места 77
5. Зона Б10- Водовод
- Локација ул. Лазар Личеновски
- Број на паркинг места 24
- ЗОНА С – ЗЕЛЕНА ЗОНА Го опфаќа делот во Дебар маало и комплексот МТВ, МАНУ и Судска палата. Времетраењето на паркирањето не е ограничено. Паркинг зони кои се вклучени во зона С се:
1. Зона Ц8 Дебар Маало
- Локација ул. “Коста Шахов”
- Број на паркинг места 7
2. Зона Ц9 Дебар Маало
- Локација ул. “Дебарска” ул. “Никола Тримпаре”
- Број на паркинг места 22
3. Зона Ц15 Ѓуро Ѓаковиќ
- Локација ул. “Ѓуро Ѓаковиќ” по ново “Мирослав Крлежа” (Дебар Маало)
- Број на паркинг места 73
4. Зона Ц17 Ленинова
- Локација ул. “Ленинова” по ново “Аминта Трети” (Дебар Маало)
- Број на паркинг места 22
5. Зона Ц19 Универзална Сала
- Локација ул. “29 – ти Ноември” по ново “Костурски херои”
- Број на паркинг места 26
6. Зона Ц35 Спроти Депо Пајак
- Локација ул. “Стале Попов”
- Број на паркинг места 53
7. Зона Ц33 Транспортен Центар
- Локација ул. “Никола Карев”
- Број на паркинг места 136
8. Зона Ц45 Комплекс објекти: Ману,Мтв,Судска палата
- Локација “Булевар Кочо Рацин (од Западна страна), Булевар Гоце Делчев ( од Северна страна) и ул. “Кеј Димитар Влахов”” (од Јужна страна)“
- Број на паркинг места 380
9. Зона Ц46 (продолжение Ц45)
- Број на паркинг места 193
10. Зона Ц80 Зоолошка
- Локација Булевар “Илинден”
- Број на паркинг места 99
11. Зона Ц81 Градско Собрание
- Локација Булевар “Илинден”
- Број на паркинг места 131
- ЗОНА D – БЕЛА ЗОНА Ја опфаќа територијата на општина аеродром, каде нема времено ограничување во СМС пораките за паркирањето.
1. Зона Д1 Хотел Русија
- локација Бул. “АСНОМ”
- Број на паркинг места 31
2.Зона Д2 Три Бисери
- локација Бул. “АВНОЈ”
- Број на паркинг места 780
3. Зона Д3 Т. Ц Бисер
- Локација Населба Аеродром (Булевар “Јане Сандански”)
- Број на паркинг места 1652
4. Зона Д4 Веро (Рударски институт)
- Локација Населба Аеродром (Булевар “Јане Сандански”)
- Број на паркинг места 727
5. Зона Д5 Владимир Комаров
- Локација ул. “Владимир Комаров”
- Број на паркинг места 116
6. Зона Д6 Палма Аеродром
- Локација ул. “Владимир Комаров”
- Број на паркинг места 154
7. Зона Д7 Аеродром Глорија
- Локација ул. “Јане Сандански”
- Број на паркинг места 660
8. Зона Д8 Аеродром – позади ОНЕ
- локација ул. “Бојмија”
- Број на паркинг места 63
12. Зона Д8
- ул. „Бојмија“ и ул. „Владимир Комаров„
11. Зона Д9 „ЦРКВА“
- локација ул. „23ти Октомври“
- Број на паркинг места 410
12. Зона Д40 8 – ми Септември
- Локација ул. “Париска”
- Број на паркинг места 65
13. Зона Д42- МИДА
- ул.„Орце Николов“
- Број на паркинг места 79
14. Зона Д62 Тениски клуб АБЦ, Локација Булевар “Илинден”
- Број на паркинг места 33- 5 такси
Начин на наплата
Начин на наплата
Кога ќе се паркирате на некоја од јавните површини за паркирање-зона, наплатата за регулирање на парkирањето може да ја извршите на два начини и тоа:
- ПРЕКУ СМС ПОРАКА:
– За почеток на паркирање: Испратете покара на телефонскиот број 144 144 со содржина:
„Име на зона празно место регистрација на возило“
Пр. Прифатливо: А3 SK1234AB
Пр. Неприфатливо: A3 SK-1234-AB
A3 SK___ 1234___AB
Откако ќе ја испратите СМС пораката почекајте додека добиете повратна СМС порака од операторот со содржина: „Паркирањето на возилото SK1234AB е дозволено.“, што означува правилно испишата порака и извршена уплата за паркирање.
Напомена! Не заминувајте од паркинг додека не добиете повратна СМС порака од операторот. Задолжително проверете дали сте добиле СМС порака за одобрување на паркирањето. Доколку не добиете повратна СМС порака или СМС порака со содржина „Вашето паркирање не е одобрено!“ обратете се во кол центарот на Ј.П Градски паркинг- Скопје. Во спортивно, Ј.П Градски паркинг- Скопје не сноси одговорност.
– За завршување на паркирањето: Испратете порака на истиот број, 144 144, со содржина:
„S“ (латинично „С“)
Пр. Прифатливо: Пр. Неприфатливо:
„S“ „СТОП“
„KRAJ“
„STOP“
Откако ќе ја испратите СМС пораката почекајте додека добите повратна СМС порака од операторот со содржина: Пр. „Паркирањето заврши на 10.10.2013 во 14:30. Вкупен надомест денари 45“, што означува правилно испишата порака и завршено паркирање.
** Цената на секоја порака е согласно ценовникот на услуги на Вашиот мобилен оператор.
** СМС пораките за паркирање треба да бидат испратени само од македонски број.
- СО БИЛЕТ ЗА ПАРКИРАЊЕ Т.Е ГРЕБ КАРТИЧКА
Доколку се одлучите Вашето паркирање да го регулирате со билет за паркирање потребно е:
1. Билетот за паркирање т.е гребка да го купите од најблискато продажно место;
2. Изгребете ги полињата соодветни на месецот, датумот, часот и минутите на Вашето паркирање и
3. Поставете го билот на предното ветробранско стакло од Вашиот автомобил
ВАЖНО: Билетот мора да биде видливо поставен!
Во спротивно, неистакнувањето или непрописно користење на билотот подлежи на санкции согласно со Одлуката за јавни паркиралиште од значење за Град Скопје, (објавено во Службен весник на Р.М број 17/8)
Во случај кога корисникот на паркинг услугата не го регулира плаќањето на истата, подлежи на санкции согласно со Одлуката за јавни паркиралиште од значење за Град Скопје, (објавено во Службен весник на Р.М број 17/8) т.е поставување на блокатор.
- СО СКЕНИРАЊЕ НА QR КОДОТ
QR код- на информативните табли, поставени на влез и излез од паркинг зоните, покрај основните податоци, додаден е QR код со чие скенирање добивате можност за внесување на времетраењето на паркирањето, регистрација на возилото и платежна картичка.
- МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА- Parking.Mk
Мобилната апликација Parking.Mk е достапна на сите андроид и IOS оперативни системи. Со инсталирање на апликацијата, добивате можност за едноставно и брзо плаќање. Потребно е да ги внесете податоците за регистрацијата на возилото и платежна картичка, а користејќи ја апликацијата, преку ГПС системот добивате можност за прецизно утврдување на локација т.е. зоната на паркирање. Исто така, апликацијата Parking.Mk нуди можност за плаќање за паркинг услуга за повеќе возила истовремено.
КАТНИ ГАРАЖИ
Катната Гаража „26ти Јули“ е прво јавно паркиралиште од овој тип, со кое стопанисува Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје. Таа претставува сигурно место за паркирање без временско ограничување, со прифатливи цени и слободно паркинг место во секое време.
Катната гаража располага со 445 паркинг места, од кои 17 паркинг места се наменети за лица со попреченост.
Катната гаража „26ти Јули“ е лоцирана во централното градски подрачје, на местото на стариот цветен пазар, во непосредна близина на Музеј на Град Скопје.

Катната гаража „Беко“, втор објект од ваков тип со кој стопанисува ЈП Градски паркинг – Скопје, лоцирана е во строгиот центар, на ул.Даме Груев бр.14, во близина на ТЦЦ Плаза.
Гаражата е од современ тип, со капацитет од вкупно 605 паркинг места за возила, вклучувајќи 16 паркинг местата за лицата со попреченост и 3 паркинг места за родители со мали деца.
Паркирањето се одвива на вкупно шест катa надземно и два подземно ниво. На приземјето и на првиот кат се предвидени деловни простории, а другите катови се наменети за паркирање.
Влезот во катната гаража за лесните моторни возила е од североисточната страна на објектот преку подземната улица која води до првото подземно ниво на гаражата.
Излезот од гаражата е од првото подземно ниво преку подземната улица, на југоисточната страна на објектот, директно на улицата Даме Груев. Движењето на возилата по катови се одвива преку спирална рампа.

СЕКТОР ПАЈАК
Основна дејност на Сектор „Пајак“ е преместување и одстранување на непрописно паркираните возила по налог на овластено лице (сообраќајна полиција или комунален инспектор) на територијата на Град Скопје.
Службата на „Сектор Пајак“ има задача да се грижи за регулирање на сообраќајот во Град Скопје, да помага при расчистување на сообраќајниците и овозможување на полесен проток на сообраќајот.
Истовремено, Сектор „Пајак“ по налог на комунален инспектор отстранува возила од зелени површини и дислоцира хаварисани возила.
Секторот располага со вкупно 8 (осум) специјализирани возила „пајак“
Работно време
Подигање т.е отстранување на возила и наплатата на подигнати возила кои биле непрописно паркирани се врши секој ден т.е. 24 часа, седум дена во неделата.

ЦЕНОВНИЦИ
Јавни паркиралишта и зонско
ЦЕНОВНИК НА УСЛУГИ НА ЈАВНИТЕ ПАРКИРАЛИШТА И ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ НАМЕНЕТИ ЗА ПАРКИРАЊЕ |
||||
Услуга | Зона А / A0 |
Зона B | Зона C |
Зона D |
денари/ час |
40/ Прв час 75 ден, секој нареден 50 ден |
Јавни паркиралишта- 40 ден Зонско- 30 ден. |
Јавни паркиралишта- 30 ден зонско- 25 ден. |
Јавни паркиралишта- 30 ден зонско- 25 ден. |
месечна претплата за физички и правни субјекти | 4000 ден. | 3000 ден. | 2000 ден. | 1000 ден. |
годишна претплата за физички и правни субјекти во една подзона …………………………………………………………………… годишна претплата за физички и правни субјекти во цела зона |
40000 ден.
……………… 45000 ден. |
30000 ден.
……………… 35000 ден. |
20000 ден.
……………… 22000 ден. |
10000 ден.
……………… 12000 ден. |
месечна претплата за резервирано паркинг место | 12000 ден. | 8000 ден. | 6000 ден. | 4000 ден. |
месечна претплата за користење на сите јавни површини/ јавни паркиралишта наменети за паркирање во една зона | 4500 ден. | 3500 ден. | 2500 ден. | 1500 ден. |
годишна претплата за користење на сите јавни површини/ јавни паркиралишта наменети за паркирање во сите зони | 60000 ден. | |||
годишна претплата за користење на сите јавни паркиралишта и јавни површини наменети за паркирање |
80000 ден. | |||
месечна претплата за вработени кај правен субјект кој со своето седиште гравитира на јавната површина наменета за паркирање (паркиралишта со влезно-излезна рампа и зонско) ————————————————————- месечна претплата за вработени кај правен субјект за јавни паркиралишта: Катни гаражи
|
800 ден. —————– 2000 ден. |
|||
– месечна претплата за станар кој со своето живеалиште гравитира на јавната површина/јавното паркиралиште наменето за паркирање (прво/второ возило)
– месечна претплата за станар кој со своето живеалиште гравитира на јавната површина/јавното паркиралиште наменето за паркирање, а користи службено возило 24 часа |
– 0/300 ден. за зони А, В, С, за прво/второ возило – за станарите од зона D услугата не се наплаќа |
|||
– 300 ден. за службено возило за зони А, B, C и D |
||||
доплатен билет за нерегулирана паркинг услуга 990 ден. | 990 ден. | |||
доплатен билет за паркирање на место за лица со попреченост | 3000 ден. | |||
Гостинска карта | Во зона А и В, 450 ден= 30 часа |
|||
Во зона С и D, 300 ден= 30 часа |
ВАЖНО!
Доплатен билет се издава доколку корисникот на услугите не го регулирал паркирањето, го надминал дозволеното време за паркирање, не го истакнал билетот, поставил неисправен билет, не е корисник на истакнатиот билет, не извршил плаќање во предвидениот рок или пак доколку при паркирањето не ја почитува хоризонталната и вертикалната сигнализација односно доколку неинвалидизирано лице се паркира на место за лица со посебни потреби.
При издавање на електронска чип картичка корисникот е должен да изврши уплата од еднократен надомест од 180.00 денари за изработка на истата.
За изгубен бар код се наплаќаат дополнителни 500,00 денари
Катна гаража
ЦЕНОВНИК НА УСЛУГИ НА ЈАВНО ПАРКИРАЛИШТЕ КАТНА ГАРАЖА „26 Јули“ | ||
Услуга цена | цена | |
Денари/час | 30 ден. | |
Месечна претплата за физички и правни лица | 2,000 ден. | |
Годишна претплата за физички и правни лица | 20,000 ден. | |
Месечна претплата за резервирано паркинг место | 6,000 ден. | |
Месечна претплата за вработен кај правен субјект кој со своето седиште гравитира на јавното паркиралиште | 2000 ден. | |
ЦЕНОВНИК НА УСЛУГИ НА ЈАВНО ПАРКИРАЛИШТЕ КАТНА ГАРАЖА „Беко“ |
||
Услуга цена |
цена | |
Денари/час |
30 ден. | |
Месечна претплата за физички и правни лица | 2,000 ден. | |
Годишна претплата за физички и правни лица | 20,000 ден. | |
Месечна претплата за вработен кај правен субјект кој со своето седиште гравитира на јавното паркиралиште | 2000 ден. | |
|
Велосипеди
ЦЕНОВНИК НА УСЛУГАТА „ИЗНАЈМИ ВЕЛОСИПЕД“ | |||
Тип на велосипед | |||
Услуга | Градски велосипед | Велосипед со две седишта | |
Денари/час | 10 ден. | 30 ден. | |
Месечна претплата/ чланарина | 1,500 ден. | 2,500 ден. |
Пајак
ЦЕНОВНИК НА УСЛУГИ НА СЕКТОР ПАЈАК |
||
Услуга | Цена | |
Подигнување и пренос на возило до Депо Пајак по налог на овластено лице | 2500 ден. | |
Подигнување на возило од зелена површина | 3500 ден. | |
Подигнување непрописно паркирано возило по налог на овластено лице, кога сопственикот се појавува на лице место и самостојно го отстранува | 1500 ден. | |