Историјат на градскиот паркинг
За да се реши проблемот со недостатокот на паркинг места и сообраќајната гужва во Скопје, градот формираше Јавно претпријатие Градски паркинг – Скопје, основано на 13.10.2003 година. Целта е да се олесни пристапот до слободни паркинг места и да се намалат сообраќајните опасности.
Организација
Органи на управување: Со работа на Јавното претпријатие раководи Директор кого го именува, односно разрешува Градоначалник на Град Скопје.
В.Д. Директор на Ј.П Градски паркинг- Скопје
Мартин Гаврилски
УПРАВЕН ОДБОР на Ј.П Градски паркинг- Скопје
Орган на управување на претпријатието е управниот одбор.
Членовите на управниот одбор ги именува односно разрешува Советот на Град Скопје.
Управниот одбор на претпријатието се состои од дванаесет членови.
Времетраењето на мандатот на членовите на управниот одбор изнесува 4 (четири) години, со право на уште еден последователен мандат.
НАДЗОРЕН ОДБОР ЗА КОНТРОЛА НА МАТЕРИЈАЛНО ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ
Орган за вршење контрола на материјало- финансиско работење на претпријатието е Надзорниот одбор за материјално-финансиско работење.
Надзорниот одбор го именува односно разрешува Совет на Град Скопје со Решение за именување односно разрешување членови на Надзорен одбор.
Надзорниот одбор се состои од пет члена.
Времетраењето на мандатот на членовите на надзорниот одбор изнесува 4 (четири) години, со право на уште еден последователен мандат.
Факти
Вкупен број на јавни паркиралишта со кои стопанисува Ј.П Градски паркинг- Скопје
- Затворени паркиралишта: 10
- Зонско паркирање: 4 зони т.е 34 подзони
- Катни гаражи: 2
Вкупен број на паркинг места:
- Затворени паркиралишта: 1983 од кои 36 се наменети за лица со посебни потреби
- Зонско паркирање: 6686 од кои 72 се наменети за лица со посебни потреби
- Катни гаражи: 1050 од кои 33 се наменети за лица со посебни потреби
Контакт
Локација | Општина | Инфо |
1. ДИРЕКЦИЈА | ||
Адреса: Ул. „Македонија” бр.11а, 1000 Скопје Работно време: понеделник- петок, од 08:00- 16:00 | ||
2. КОЛ ЦЕНТАР | ||
ЦЕНТАР | Адреса: ул. „Ѓуро Стругар” бр. 15а, 1000 Скопје работно време: понеделник- петок од 08:00-16:00 | |
АЕРОДРОМ | Адреса: Во зградата на Рударски институт Работно време: понеделник- петок од 08:00- 20:00 сабота од 09:00- 17:00 | |
ИЛИНДЕН | Адреса: Во близина на плоштад Скендер Бег Работно време: понеделник- петок од 08:00- 20:00 сабота од 08:00- 15:00 | |
| ||
3. СЕКТОР ПАЈАК | ||
Адреса: ул. „Никола Карев“ бб, комплекс Транспортен Центар |
Мисија
Наша мисија е да излеземе во пресрет на потребите на граѓаните и ефективно и ефикасно да го решиме проблемот во делот на паркирањето на територија на Град Скопје. Делувајќи на тој начин и преку процесот на непристрасно обезбедување паркинг место за сите, ние истовремено се грижиме и за добрата состојба на паркиралиштата со кои стопанисуваме. ЈП Градски паркинг овозможува паркирањето да стане полесно!
Визија
Ние сме јавно претпријатие посветено на развој, одржување и подобрување на квалитот на услугите кои ги нудиме и континуирано се стремиме да овозможиме достапност до паркинг место за сите граѓани кои имаат потреба од тоа. Нашата желба да ги достигнеме високите стандарди во дејноста паркирање е нашата основа за досегашниот како и за идниот развој и имплемнтација на ефективни новитети. Ние продолжуваме да се движиме на патот на успехот со што ќе се оправда довербата кај граѓаните и ќе останеме претпријатие од доверба и истакнат стопанственик со голем дел од јавните паркиралишта на територија на град Скопје.
Цел
Целта на нашето јавно претпријатие е да излезе во пресрет на потребите на граѓаните и да допринесе за општо добро на сите, со посебна грижа за животната средина. Со делувањето на поголем дел на територијата на град Скопје, наша цел е да го подобриме нивото на сообраќајна култура на граѓаните во делот на паркирањето, преку искоренување на нивните лоши навики за пренамена на тротоарите и сообраќајниците од пешачка во сообраќајна паркинг зона. Истовремено, со добрата местоположба на паркиралиштата, паркинг зоните со кои стопанисуваме, како и катната гаража, нашата цел е да допринесеме до значително намалување на метежот во сообраќајот на главните и споредните сообраќајници во Скопје.
Едоставно, повеќе место за сите!